Милиони луѓе во Европа изложени на загаден воздух поради шумските пожари

Пожарите во Франција и Шпанија во изминатите неколку дена предизвикаа сериозно загадување на воздухот, изложувајќи милиони луѓе на опасни честички, предупредуваат научниците.
Чадот од пожарите содржи мешавина од загадувачки материи што го влошуваат квалитетот на воздухот на растојанија и од неколку стотици километри. Научниците особено се загрижени поради емисиите на ситни честички „ПМ2.5“ што можат да навлезат длабоко во белите дробови и се поврзуваат со кардиоваскуларни заболувања, рак на белите дробови и проблеми со дишењето.
„Знаеме дека ова има навистина значително влијание врз здравјето, особено кога станува збор за повеќедневна изложеност“, изјави Теодор Кипинг, климатолог од Империјал колеџот од Лондон.
„Гледаме се посериозни и почести пожари со висок интензитет, при што луѓето се изложени на мошне, мошне високи нивоа на честички ПМ2.5“, додаде тој.
Податоците од програмата на Европската Унија за следење на климата „Коперникус“ покажуваат дека во францускиот град Бордо нивото на загадување со честички „ПМ2.5“ на 26 јули надминало 300 микрограми на метар кубен.
Кипинг посочи дека просечната концентрација на „ПМ2.5“ честички во Бордо на 26 јули била речиси петпати повисока од нивото препорачано од Европската Унија.
Чадот од пожарите проширил невообичаено високи концентрации на честички „ПМ2.5“ на потегот од Мадрид до Бордо. Во градот Лимож што се наоѓа околу 200 километри североисточно од Бордо, нивото на тие честички за време на викендот надминало 400 микрограми на метар кубен.
Пожарите можат да ги направат честичките „ПМ2.5“ уште поопасни, бидејќи нивната токсичност се зголемува кога се мешаат со други загадувачки материи присутни во чадот.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
-

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата
-

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
