Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода

Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, виталните параметри му се добри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски.
Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување.
-Пациентот е во добра состојба. Виталните параметри се стабилни. Вчера имаше покачена температура, но сите направени тестови се негативни на инфекција и најверојатно станува збор за реакција на транспортот и претходната операција. Од денес тој почна да се храни на уста и имаме подобрување на општата состојба - информираше директорот на ТОАРИЛУЦ.
Според него, во текот на следната недела се очекува пациентот да биде префрлен на Одделот за трауматологија, каде ќе продолжи интензивната рехабилитација, а потоа и во специјализиран центар за понатамошно закрепнување.
Одговарајќи на новинарско прашање дали летово се регистрирани случаи на тешки повреди при скокови во плитка вода, Мерџановски рече дека на Клиниката годинава нема примено такви пациенти, освен момчето кое се повредило во Турција.
Тој нагласи дека превентивните кампањи за безбедно однесување кај младите треба да продолжат, со цел да се подигне свеста и кај децата и кај родителите.
- Не треба да се скока во базени и во непроверени води. Ако тоа се прави, треба да биде во контролирани услови и под стручен надзор - потенцира Мерџановски.
Говорејќи за последиците од ваквите несреќи, тој појасни дека повредите најчесто ги зафаќаат вратните пршлени и рбетниот мозок и спаѓаат меѓу најтешките трауматолошки повреди. Според него овие повреди во најголем број случаи се иреверзибилни и оставаат траен инвалидитет.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
