Преглед на вестите од светот
Иран и Оман се блиску до договор но тоа не значи отворање на Ормутскиот теснец, вели иранскиот министер за надворешни работи додавајќи дека за договор со САД потребно е Вашингтон да плати репарации за нападите врз Иран.
САД порача дека по договорот меѓу Иран и Оман ќе ги тргне блокадите од сите ирански пристаништа.
Израел го отфрли американскиот план од 15 точки за Газа кој предвидуваше постепено повлекување на израелската војска паралелно со разоружување на Хамас
Нетанјаху одобри обнова на делови од Газа кои се под контрола на Израел и изградба на станбени комплекси за Палестинци кои не се под контрола на Хамас
Најмалку 7 лица загинаа, а десетици се повредени во нов бран воздушни напади меѓу Украина и Русија. Во нападите на Харков и Одеса загинале 2 лица
Украински дронови го нападнале Белгород, каде руските власти соопштија за петмина загинати и повеќе од 25 повредени, меѓу кои и деца.
Најмалку шест лица загинаа, а околу 110 илјади семејства се погодени од силните монсунски дождови што ги зафатија Манила и западните делови на Филипините.. Монсунските дождови се засилени под влијание на Тајфунот Делфин кој веќе предизвика проблеми во делови од Јапонија а во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува да го погоди Шангај и делови од Кина.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
