Македонија
9. August 2026 - 20:24

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје - ЕВР Гази Баба на 08.08.2026 во 10:20 часот на ул.„Јани Лукровски“ ги лишија од слобода Џ.А.(26) и А.А.(26), двајцата од с.Брест, скопско, поради сомнение за извршено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од кривичниот зкаоник.

Тие се сомничат дека на 04.07.2026 во 20:45 часот во населба Илинден во Скопје физички и со дрвен предмет го нападнале Б.С.(28) од с.Арачиново, скопско, по што со закана со пиштол му одзеле пари. 

Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава и  изведени пред судија за претходна постапка кој им определи мерки за претпазливост.