Македонија
15. August 2026 - 14:06

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка

На 14.08.2026 во 22:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Л.М.(23), Е.А.(20), А.М.(19) и Н.Т.(18), постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Шуто Оризари, насилно ѝ дале марихуана на малолетничка.

Откако малолетничката кажала во семејниот дом, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу приведените лица, од една страна, и А.Ф.(42), З.Р.(38), А.Н.(23) и А.Р.(19), сите од Скопје, од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.