Свет
19. August 2026 - 8:37

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута

Најмалку девет лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава избувна во хотел во Калкута, во североисточниот дел на Индија, соопшти претставник на противпожарната служба.

Претставник на противпожарните служби соопшти дека шест мажи, две жени и едно дете биле спасени од запалениот хотел и пренесени во болница.

МИА