Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
Требаше да се вработат уште во април лани, но се уште немаат решен статус. Голем дел од околу 1500 лица ангажирани со договор за дело во здравството и понатаму чекаат решенија за вработување.
Речиси и да нема клиника и болница без “договорци”, повеќето средно медицински и административно-технички кадар, кои работат и по 10-тина години во неизвесност дали месецот ќе земат плата, а притоа извршуваат исти задачи како и нивните вработени колеги.
Дополнителен парадокс е што работат во здравство, а немаат здравствено осигурување. Според властите долгите адмнистративни процедури со давањето согласности од Фондот и министеррствата за здравство и клучното од Финансии, а потоа и конкурсите го кочат целиот процес. Таков беше примерот и во Клиничката болница во Тетово каде по два не успешни огласи вчера им беа врачени решенија на 109 “договорци”. Но таква среќа се уште немаат ангажираните со договор за дело на Токсикологија, Неврохирургија, Детска Клиника... Клиничката болница Битола, болницата во Велес... и многу други јавни здравствени установи низ цела Македонија.
- Посветеноста да го завршиме ова е тука, и се надевам дека целиот процеса ќе го завршиме до крајот на годината, изјави Сашо Клековски, министер за здравство.
Министерот се надева дека до крајот на годината ќе заврши и процесот за вработување на 300 приватни специјализанти.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
