Loading Video...
Свет
27. August 2026 - 16:31

Преглед на вестите од светот

Видео снимките и изјавите на преживени  ја пренесуваат разорната моќ и деструктивниот налет на поројнатите поплави  и лизгањето на земјиштето   во погрнаичниот регион помеу Непал и кинескиот автомонен регион Тибет.  Десетици човечки животи згаснуваат за неколку секунди на снимките.

  • Поплавите дојдо ненадејно и експлодираа како бомба. Реката изгедаше мала од далечина

но одеднаш почна да се прелева и го зафати ова место, преживеан во Непал.

Најголем број од жртвите и уништувањето се во Непал. Според последните официјлани податоци најмалку 350 лица загинале, додека повеке од 900 се водат како исчезнати, повекето  странски туристи и работници.   На тибетската страна од границата има три жртви а  најмалку 558 локални житечли и странци  се водат како исчезнати.    Водената стихија збриша цели села. Американскиот геолошки центар соопшти дека лавина од глечер, што се  случува кога огрмно парче мраз се крши од глечерот и паѓа по падината, е одговорно за катастрофата.    Непалските власти потврдија  и дека  биле уништени  19 мостови а оштетени  и над 40 километри патишта, што дополнително ја отежнува потрагата по преживеани. Кучиња трагачи и хеликптери помагаат во потрагата.

  • Бев на терасата и поплавата го погоди и горниот кат. Стивна дури по еден час или нешто повеќе. Мојата сопруга веќе беше затрупана во калта, додека ние останавме на терасата за безбедност. По 4-5 часа бев спасен со хеликоптер.“

САД, ЕУ и Индија веке испратија хумантрна помош за погоденото население во Непал.

Поранешниот врховен командант на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ, почина на 84-годишна возраст во притворската единица во Шевенинген, Хаг. Здравствената состојба на Младиќ во изминатиот период значително се влошила, откако претрпел неколку мозочни удари. Неговото семејство и лекарите повеќепати предупредуваа  дека неговата состојба е тешка и бараа да биде пуштен на слобода за да продолжи со лекување. но сите такви барања беа одбиени од страна на надлежните органи во Хаг.  Младиќ беше уапсен во 2011 година, а во ноември 2017 година, Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија го прогласи за виновен по 10 од 11 точки од обвинението, меѓу кои и за геноцидот во Сребреница, и го осуди на доживотен затвор.