СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
Додека владата најавува развој на индустријата со изградба на центри за податоци, опозицијата бара транспарентност за проектите. Според СДСМ, Владата преговарала со повеќе потенцијални инвеститори, но, без јавноста да знае кои се компаниите и под кои услови би ги граделе тие дата-центри.
Од опозицијата велат дека особено спорна е потрошувачката на вода и струја, за која стравуаат дека може да се одрази врз граѓаните и земјоделствто.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат таквите обвинувања. Велат дека денешните услови на пазарот на електрична енергија се различни, а постојат и повеќе начини за ладење на центрите за податоци. Опозицијата ја обвинуваат дека шири паника и дека е против секој проект што може да донесе економски развој.
Од СДСМ велат дека не се против инвестиции, туку бараат јавноста да знае кој ќе инвестира, под кои услови и колку ресурси ќе се трошат. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, одговараат дека опозицијата ја напаѓа секоја идеја што може да донесе развој.
СДСМ бара Владата да ги објави имињата на потенцијалните инвеститори, условите под кои се преговара и очекуваната потрошувачка на струја и вода. ВМРО-ДПМНЕ пак останува на ставот дека центрите за податоци се можност за развој на нова индустрија и економски напредок на земјата.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
