Македонија
1. September 2026 - 12:24

Стартува новата учебна година во Охрид

По летниот распуст учениците се вратија во училишните клупи. На свечениот прием во Основното училиште Свети Климент Охридски во Охрид претседателката Сиљановска-Давкова на првачињата им порача дека нема подобра работа од учителската нема подобра инвестиција од онаа во знаењето колку повеќе ќе знаете толку повеќе ќе разбирате толку потолерантни и посамостојни ќе бидете и затоа инвестирајте во себе учете бидејќи нема подобар пријател од книгата.

Првиот училиштен ден секогаш носи посебна возбуда кога за прв пат ја отвораат вратата на училиштето и започнуваат едно ново поглавје во својот живот истакна градоначалникот Пецаков.

Во основните училишта запишани се над 460 првачиња, а во средните околу 550 средношколци.

Од локалната посочија дека летниот период бил искористен за подобрување на условите во основните и средните училишта  ,нема затворање на подрачните  училишта а доставени се и учебниците.