Македонија
1. September 2026 - 16:45

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето

Тринаесетгодишно момче е прободено со нож директно во срцето од негов врсник, во тежок инцидент што се случи на улицата 10 на Македонско-косовска бригада во општината Бутел. Трагите од крв и денеска беа видливи долж улицата, кои сведочат за крвавата пресметка. Момчето е во критична состојба, медицината нема многу што може да направи, вели министерот за здравство. 

Прободеното дете, но и момчето што го прободело директно во срце, биле иста генерација, родени во 2012 година. Но во инцидентот вчера биле вклучени уште три други лица. Сите се обезбедени од полицијата. Пораката од овој настан е страшна, вели министерот за внатрешни работи. Не само Македонија, туку и во поголемите и развиени земји вакви кривични дела од страна на малолетници се огромен предизвик. 

Полицијата и Јавното обвинителство веќе ги преземаат сите законски мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите зад оваа трагедија.