Македонија
2. September 2026 - 16:36

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети

Премиерот Мицкоски и градоначалникот на Скопје Горѓиевски ги купија првите билети за возот од Зелениково до Скопје. Се возеа 25 минути по целосно реконструираната железничка мрежа, долга 25 километри Карта во еден правец чини 40, а повратна 70 денари.

Возот, кој официјално, од вчера е во функција, од Скопје до Зелениково и обратно, ќе сообраќа 8 пати дневно.

-Ќе се растерети гужвата, ќе се намали загадаувањето, посебно пред претстојната грејна сезона, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пред две години пругата била небезбедна и во  крајно лоша состојба. Имала дрвени прагови од 69 та година. За речиси една година, сликата  се промени.  Но ќе мора и граѓаните да ја зголемат свеста, затоа што често се случува да не ја почитуваат сигнализацијата и да поминуваат кога рампите се спуштени.

„Јавно замолувам, целокупната јавност да се однесува максимално внимателно и да ја почитуваат сигнализацијата на патните премини. Вчера бевме сведоци, дека добар дел од граѓаните преминуваат и покрај тоа што сигнализацијата кажува да стопираат и да почекаат да помине возот“, рече Синиша Ивановски, директор на Железници Инфраструктура.

Инаку ова е прва фаза од проектот Градски воз, за останатите две, се подготвува проектна документација. Делниците ќе бидат готови до почетокот на 2028 та година

-Едната линија  ќе се протега од Волково, преку Ѓорче Петров и Скопје Север, до Железничката станица во Скопје, во должина од 18 километри.Втората линија ќе ги поврзува Миладиновци, Илинден и Маџари со Железничката станица во Скопје, а нејзината должина ќе изнесува 20 километри., изајви Синиша Ивановско, директор на Железници Инфаструктура.

Покрај железничко поврзиување, ќе се модернизара и автобускиот сообраќај. Наскоро се очекува да стигнат нови 100 автобуси.

-Ова е една од алтернативите во транспортот која треба граѓаните да ги извади од автомобилите. Втората фаза е модернизацијата на ЈСП Скопје за која е веќе завршена постапката и потпишан е договорот. За многу скоро ќе стигнат новите 100 автобуси. Третата фаза е реализација на проектот БРТ и таму е финиширано се. Во наредните 10 дена ќе се распише тендерот за избор на оператор. Брзо се движиме, брзо се модернизираме и како Град Скопје имаме силна поддршка од Владата, рече Орце Ѓорѓиевски.

За подновување на железничкиот сообраќај , во план е  и да се набават 5 нови товарни локомотиви и 4 патнички гарнитури.