Loading Video...
Свет
3. September 2026 - 12:20

Преглед на вестите од светот

Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора се подготвуваат за големи блокади на товарните гранични премини кон Европската Унија. Протестите треба да започнат на 14 септември и ќе траат сè додека не се најде прифатливо решение за нивните барања.

Оваа одлука за заеднички регионален бојкот доаѓа откако превозниците веќе одржаа протести на 31 август пред претставништвата на ЕУ во Скопје, Белград, Сараево и Подгорица. Бидејќи од Брисел не стигна конкретна помош, транспортерите одржаа координативен состанок и решија да го радикализираат протестот со затворање на границите за транспорт на стока.

Главен проблем за шоферите е шенгенското правило според кое граѓаните што не се дел од ЕУ смеат да престојуваат во Шенген зоната повеќе од 90 дена. Возачите предупредуваат дека ова правило е неодржливо за нивната професија. Тие не патуваат како туристи, туку секојдневно превезуваат стока за европскиот пазар, па дозволените денови брзо им истекуваат, со што им се оневозможува да си ја вршат работата.

Од Европската Унија порачаа дека нема да ги менуваат општите шенгенски правила, но понудија можност да се разговара за поединечни договори меѓу балканските земји и одделни членки на ЕУ. За транспортерите ваквиот предлог е неприфатлив. Тие бараат трајно решение и посебен статус за сите професионални возачи, со кој деновите поминати на пат во ЕУ нема да се сметаат како класичен престој.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постојат шанси за постигнување мировен договор, но истакна дека Русија и Украина мора прво меѓусебно да се договорат. Тој исто така додаде дека воздушните закани од страна на Украина дополнително ги комплицираат мировните преговори.

„Што се однесува до прашањата што ги покренавте – запленувањето на цивилни бродови, нападите врз цивилни трговски бродови и, уште повеќе, неодамнешните извештаи за закани за напад врз цивилни авиони – ова, секако, се акти на државен тероризам. Несомнено, ова ги комплицира изгледите за билатерални мировни преговори. Инаку, оние кои молчат и го игнорираат ова – тука првенствено мислам на западните сојузници на Украина – стануваат соучесници во меѓународниот тероризам“, изјави Путин.

Во руски воздушни напади рано утринава пак беше оштетена станбена зградана 21 кат во украинскиот град Одеса, при што се повредени 17 лица, соопшти шефот на градската воена администрација, на апликацијата Телеграм. Меѓу повредените има и три деца, додека снимките од службените и итни служби и полицијата прикажуваат како на луѓето им се укажува прва помош во близина на повеќекатницата со искршени прозорци.

Од друга страна, Москва соопшти дека нејзините сили погодиле два украински товарни брода во Црното Море во близина на Одеса

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека армијата на САД е подготвена да изврши нови воени удари врз Иран во секој момент доколку процени дека е потребно. Во обраќање пред новинарите во Белата куќа, Трамп истакна дека Иран се обидувал да ги обнови своите радарски и ракетни системи, што било повод за реакција од американска страна.

Според Трамп, воената акција изведена во вторникот навечер била исклучително силна, а американските сили целосно ја уништиле новата опрема што Иран се обидел да ја постави долж стратешки важниот Ормутски теснец. Трамп порача дека Вашингтон внимателно ги следи сите активности во регионот и дека американската војска е подготвена повторно да дејствува во било кое време.