Нови комунални возила
Четириесет и девет нови комунални возила ќе бидат вклучени во одржувањето на хигиената во град Скопје и општините Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес. Со 4,2 милиони евра преку Светска банка набавени се 19 мултифункционални камиони од различен тип, девет цистерни и 21 мултифункционални возила за чистење на улиците.
Промоцијата на возилата се одржа денеска во Скопје, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, градоначалници, претставници на Светска Банка.
-Овој проект е за подобра животна средина, поголема хигиена во нашите општини кои добиваат нови алатки да се справуваат со сметот. Повикувам и на општетсвена и граѓанска одговорност затоа што сите треба да бидеме подеднакво одговорни кон животната средина - рече Мицкоски.
Претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека наскоро ќе бидат промовирани уште пет камиони кои ги обезбеди град Скопје како и дека е завршува рокот за жалби за набавката на 3200 контејнери за Скопје.
МИА
