Македонија
4. September 2026 - 12:36

16-годишник ненамерно го повредил другарот со остар предмет, па сам се пријавил во полиција

16-годишник е лишен од слобода во Тетово откако пријавил дека при разговор со својот малолетен другар, ненамерно го повредил со остар предмет.

Од МВР информираат дека на 3 септември во 22:30 часот во СВР Тетово, 47-годишниот Б.Ш. од селото Челопек пријавил дека околу 18:30 часот, неговиот малолетен син седел на клупа во близина на Културниот дом во Тетово, кога 16-годишен малолетник, негов другар од тетовско село, при разговор ненамерно му нанел повреда со остар предмет.

Подоцна, 16-годишникот, во придружба на родител и адвокат, сам се пријавил во СВР Тетово. Тој е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „Телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик.

За случајот е известен јавен обвинител, а полицијата работи на целосно документирање на настанот.