За две години во Србија се породиле повеќе од 3.500 тинејџерки, 31 биле помлади од 15 години

Повеќе од 3.500 девојчиња на возраст од 15 до 19 години се породиле во Србија за две години, а меѓу нив 31 девојче било помладо од 15 години, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Статистиката покажува и дека 826 девојки од 15 до 19 години ја прекинале бременоста, а 16 од нив биле помлади од 15 години.
Според последните податоци на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, во текот на 2023 година забележани се 1.819 породувања кај девојки на возраст од 15 до 19 години, додека во 2024 година тој број изнесувал 1.689.
Меѓу евојките од 15 до 19 години во текот на 2023 забележани се 374 прекини на бременост, а таа бројка во 2024 пораснала на 452. Во 2023 регистритани се 7 прекини на бременост кај девојки помали од 15 години, а во 2024 имало уште 9, вкупно 16 за две години.
Ново на Сител
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
-

Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
