Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе

Најмалку 22 лица се повредени во синоќешниот руски напад врз Харков, меѓу кои и осум деца, додека во Киев се повредени четири лица, соопштија украинските власти.
Во Харков, нападот погодил станбена зграда во населбата Салтивка, при што биле уништени два ката, објави „Укринформ“.
Според градоначалникот на Харков, Игор Терехов, бројот на повредени се искачил на 22, додека претходно беше пријавено дека се повредени 16 лица.
Екипите на итните служби работат на местото на нападот и ги расчистуваат урнатините.
Во Киев биле оштетени згради во четири окрузи, а избувнале и пожари во деловни објекти.
Во округот Подилски била оштетена нестанбена зграда, покривот бил делумно уништен, а од ударниот бран биле искршени прозорците на блиската станбена зграда.
Дрон погодил приватна куќа на два ката во округот Холосијив, при што било повредено едно лице.
Пожари избувнале и во деловни објекти во окрузите Печерски и Шевченковски, пренесува „Танјуг“.
МИА
Ново на Сител
-

Влада: ДДВ од 10 отсто за горивата продолжува до 12 октомври
-

„Политико“: ЕУ подготвува патокази за пристапувањето на Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија
-

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар
-

Честитка од Мицкоски: Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество
-

Променливо облачно со сончеви периоди до крајот на седмицава
-

Скопјанка пронајдена почината во возило на автопатот Гевгелија - Велес
-

Димитриеска-Кочоска: Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува на 10%
-

„Одмаздници: Завршница“ повторно на врвот на бокс-офисот во Северна Америка
