Преглед на вестите од светот
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник за време на својот претстој во на митинг во Мериленд изјави дека најголемиот проблем за него е што никој не знае кој го води Иран.
„Нивната економија е во урнатини. Тие имаат инфлација, како ниедна друга земја во светот. И човекот што си замина пред некој ден рече: „Заминувам затоа што нашата земја е завршена“. Како што знаете, нивните лидери си заминаа. Нивната втора група лидери си замина. И најголемиот проблем што го имам е што никој не знае кој, по ѓаволите, ја води земјата. Никој не знае. Но, можеби тоа е добра работа.“
Претседателот Володимир Зеленски во вторник изјави дека најновите разузнавачки информации сугерираат дека Русија подготвува „масовен напад“ врз Украина.
Тој рече дека позицијата на Украина во голема мера зависи од тоа што нејзините сојузници можат да обезбедат во однос на оружјето за одбрана од нов руски напад.
„Постојат ажурирани разузнавачки информации кои укажуваат дека Русија подготвува масовен напад. Ве молам, силно ве повикувам да останете безбедни. Ве молиме одговорете на предупредувањата за воздушен напад и предупредувањата за ракетни закани. Украинските власти и нашите воздухопловни сили се подготвени да одговорат, до степен до кој дозволуваат нашите расположиви средства за одбрана. Од клучно значење е да постои политичка волја за тоа, особено во Соединетите Американски Држави, во Европа и меѓу нашите други партнери. Светот е поголем од руското зло, а заштитата на човечкиот живот мора да биде заедничка одговорност. Им благодарам на сите што навистина помагаат.“
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, пристигна во Атина за Стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција, форум фокусиран на зајакнување на соработката меѓу Вашингтон и Атина.
Според Стејт департментот на САД, разговорите ќе се фокусираат на клучните приоритети на администрацијата, вклучувајќи ја одбранбената соработка, регионалната безбедност и енергетската безбедност.
Неколку десетици левичарски демонстранти се собраа во Атина пред парламентот во центарот на Атина во знак на протест против посетата на Рубио.
Посетата на Атина е дел од патувањето на Рубио на Исланд, Грција и Португалија од 5 до 8 октомври.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
