Три години по нападот на Хамас врз Израел, како се смени безбедноста на еврејските заедници?
Денеска е 7 октомври – три години oткако терористичката организација Хамас го нападна Израел и беа убиени над 1.200 лица мажи, жени, деца. Меѓутоа војната одамна не се води само на Блискиот Исток туку илјадници километри подалеку. Преку физички напади, закани со бомби и говор на омраза таа продолжува и на секаде низ светот.
Пред една година, токму тука во Вашингтон, двајца млади дипломати коишто работеа во израелската амбасада беа убиени. При излегување од еврејскиот музеј, тие беа испукани од напаѓач кој што извика „Слобода за Палестина“. Денеска тој случај се води како убиство од омраза.
Но ова е само еден од многуте инциденти кои што се случуваат тука во САД, се бележи рекордно ниво во изминативе три години на антисемитски напади, минатата година процентуално се случиле по 17 вакви напади на ден.
Американската влада вложува милиони долари во обезбедување на синагогите, еврејските заедници, едукација на универзитетите за да се спречи ширењето на антисемитизмот, но меѓутоа покрај физичките напади, има напади и на социјалните мрежи па тука се поставува прашањето: Кога само еден коментар престанува да биде збор и почнува да биде безбедносна закана.
Додека на Блискиот Исток едни се соочуваат со ракети и војна, илјадници километри подалеку други кои што немаат никаква врска со боиштата се соочуваат со други безбедносни закани – па затоа синагогите се почесто стануваат мета на ваквите напади освен тука во САД синагогите беа нападнати и палени на секаде низ Европа. Франција, Германија, а ниту Македонија не беше исклучок од вакви напади кога во април годинава две лица се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје. Со какви закани се соочува синагогата тука во Вашингтон?
Три години подоцна светот сеуште ја плаќа цената од војната на Влискиот Исток, можеби тука е најтешката граница која што треба да се повлече: правото да се критикува една држава и нејзината политика да не стане изговор за омраза кон еден народ.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
