Преглед на вестите од светот
Русија ја нападна Украина со бранови ракети и беспилотни летала во текот на вчерашниот ден изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски, при што загинаа најмалку 25 лица, меѓу кои и деца, а беа оштетени индустриски објекти и енергетска инфраструктура.
„Цел ден денес, спасувачите ги расчистуваа урнатините по рускиот ракетен напад во Прилуки. Стануваше збор за ракета X-101, која директно погоди станбена зграда. За жал, 19 лица беа убиени, вклучувајќи пет мали деца. Мое сочувство до нивните семејства и најблиските.“
„Вкупниот број на жртви од овој масовен руски напад врз Украина е 25 лица, а 100 лица се повредени. Тоа беше комбиниран напад во кој беа вклучени бројни балистички ракети, крстосувачки ракети и беспилотни летала Шахед.“
Важно е светските лидери да не молчат за тоа што се случило, за тоа што се случува секој ден и, најважно, за фактот дека Русија има намера да продолжи да се движи во оваа насока: кон ескалација, убиства и напади. Путин не чувствува дека ова му создава вистински проблеми.“
Зеленски додаде дека нападот се совпаднал со роденденот на рускиот претседател Владимир Путин.
Ожалени израелски семејства присуствуваа на 7 октомври, на главната церемонија по повод три години од нападите на Хамас врз Израел.
Нападите, за време на кои милитантите убија 1.200 луѓе и одведоа 251 заложник во Газа, го означија најсмртоносниот ден во историјата на Израел. Последователните бомбардирања и копнени операции на Израел убија повеќе од 74.000 луѓе во Газа, велат здравствените власти од Газа
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина при што двајцата лидери ја пофалија силата на американско-грчкиот сојуз и ги истакнаа можностите за поблиска соработка во енергетиката, критичните минерали, синџирите на снабдување и економските врски.
Поздравувајќи го Рубио откако американскиот дипломат одржа говор на Акропол, Мицотакис изјави дека дискусиите опфатиле широк спектар на прашања и му честитале за говорот за кој рече дека „ќе има одраз многу подалеку од местото каде што беше одржан“.
Нарекувајќи ја Грција „одличен партнер“ во енергетиката, Рубио рече дека двете страни ќе го напуштат состанокот со „акциони точки“ насочени кон понатамошно зајакнување на врските.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
