Loading Video...
Свет
8. October 2026 - 16:29

Преглед на вестите од светот

Најмалку 30 лица  загинаа  а над 18 се повредени  во денешниот руски напад со наведувани лизгачки бомби врз два градски  автобуса во градот Краматорск во Источна Украина, соопштија украинските власти. Зеленски ја обвини  Русија  дека  намерно гаѓала автобуси со патници се цел да убие што е можно повеќе цивили.  Од Москва засега нема коментар за нападот. И Русија и Украина во последните месеци ги интензивираа нападите со оружје со долг дострел една против друга. ОН упатија остар апел до двете страни веднаш да ги прекинат нападите врз цивилите и цивилната инфраструктура.

- Сите напади  насочени кон цивили и цивилна инфраструктура, каде и да се случуваат, претставуваат  кршење на  меѓународното хуманитарно право и мора веднаш да се престанат,  изјави  Стефан Дујариќ, портпарол на ОН 

Две лица загинаа, десет беа спасени а по уште две  се трага  откако делумно се урна седумкатница во Истнабул. Индицентот се случил  рано утрово , кога три ката од објектот се урнале од засега непозната причина, при  што останаа заробени 14 лица, соопши гувернерот Давут Ѓул. Другите станари кои живееле на катовите што не биле зафатени од уривањето беа евакуирани. Зградата била изградена во 1987 година и во неа живееле вкупно 33 лица.

Време е јас да ја добијам Нобеловата награда за мир. Ја заслужувам изајви Доналд ТРмап во пресрет на утрешното официјлано објавување на овогодинешниот добитник  од страна на Норвешкиот Нобелов комитет.

- Направив работи што никој друг никогаш не ги направил. Не се фалам. Решив осум војни. И можеби спречив целосно уништување на светот, бидејќи Иран никогаш нема да има нукеларно оружје. Не знам,какви ке бидат нивните одлуки ( на Нобеливот комитет).  Имаат репуација дека можеби не им ја додлеуваат наградата на луѓе како мене, но без разлика дали ќе ја добијам или не, јас имам направено многи повеќе и мислам дека тоа би било голем срам за нив,  изјави  Доналд ТРамп, претседател на САД 

Како главни фаворити за наградата за 2026 година се споменуваат Меѓународниот кривичен суд и папата Лав Четиринаесетти.