Преглед на вестите од светот
Средношколските протести низ Франција продолжуваат со силно темпо, а ученичките сојузи ја оценија владината најава за итно ангажирање на 3.000 дополнителни наставници како недоволна и парцијална.
- Навикнати сме да слушаме најави за зборови и потези што служат само за одложување, а лично за мене, ова е токму тоа. Дадоа најави, гледаме дека се обидуваат да ги спроведат. Најавата за воспоставување телефонска линија и ангажирање 3.000 наставници е добра, но не е доволна. Потребно ни е многу повеќе и затоа ќе продолжиме сè додека не го добиеме она што е доволно.“
Покрај решевање на проблемот со недостигот на наставниците, учениците бараат реновирање на дотраените и небезбедни училишни згради и зголемени ресурси за обрзованието. Во мегувреме, премиерот Себастијан Лекорну изјави дека до крајот на октомври ќе биде презентиран поширок пакет мерки за решавање на кризата.
Нобеловата награда за мир оваа година и припадна на јужноафриканската правничка и судијка Наванетем Нави Пилај. Наградата ја доби како признание за нејзнината долгогодишна борба за меѓуанродното право, заштитата на човековите права и обезбедувањето правна одговорност за воените злосторства и геноцидот на глобално ниво соопшти Норвешкиот нобелов комиетет.
- Овогодишната добитничка значително ги прошири опсегот и влијанието на меѓународното право. Таа служеше како судија во Високиот суд во Јужна Африка, во Меѓународниот кривичен трибунал за Руанда и во Меѓународниот кривичен суд. Таа беше Висок комесар на Обединетите нации за човекови права, а до неодамна претседаваше со Независната меѓународна истражна комисија на ОН за окупираните палестински територии. Денес, Нави Пилај е судија во Меѓународниот суд на правдата во случајот во кој Мјанмар е обвинет за геноцид. Овогодишната добитничка одигра клучна улога во обезбедувањето на тоа воените злосторства, злосторствата против човештвото и геноцидот да бидат процесуирани., изјави Јорген Ватне Фриднес, претседател на Норвешкиот нобелов комитет.
Годинава жирото избираше меѓу 287 кандиданти. Откако дозна дека ја добила Нобеловата награда за мир, 85 годишината Нави Пилај се пошегува дека тешко и е да поверува оти веста е вистината, а потоа упати и шега на сметка на Трамп, кој во повеке наврати јавно изјави дека тој ја заслужува наградата.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
