Преглед на вестите од светот
Во Црното море кај бугарскиот брег се случија нови напади со дронови врз трговски бродови. Според бугарските власти, единаесет членови на екипажот се водат како исчезнати, а пет морнари е спасен, откако еден од бродовите потона на 31 км источно од селото Крапец. Другиот брод, кој е во украинска сопственост, беше погоден на 33 км од градот Бјала, а сите 15 членови на екипажот беа спасени. Нападите се случија нокеска. Пред една недела два товарни брода беа поогдени од дронови во екслузивната економска зона на Бугарија, пти што еден брод потона. Бугарија заега не ја обивни директно Русија за нападите, но премиерот Румен Радев изјави дека нивниот исход им оди во прилгот на властите во Моксва. Соопшти дека утрово оддржал состанок со рускатаа амбасадорка Елеонора Митрофанова а од ЕУ и НАТО побарал техничка помош во истрагата за инцидентите.
- Ова е апсолутно неприфатливо – уште еден напад во непосредна близина на бугарските територијални води. Известени се нашиот постојан претставник во НАТО и нашиот постојан претставник во Европската унија. Бугарија продолжува да бара помош за истрагата. мораме прецизно да утврдиме која земја е одговорна за беспилотните летала што ги погодуваат пловилата толку блиску до бугарските територијални води.“ Понатаму, ќе продолжиме да бараме и да инсистираме на помош за подобрување на надзорот над нашиот воздушен простор и поморските области, како и за зајакнување на нашите капацитети за реакција, зиајви Румен Радев, премиер на Бугарија
Од Москва засега нема комнтар за индидените.
Саудискиот престоналонаследник Мохамед бин Салман го одби барањето од ИЗарел за вклучување во борбата против Хутите во Јемен. ИЗарелскиот премиер Нетањаху понудил воена помош преку САД во борбата против милитантната група поддржана од Иран. Според изјавите на портпаролот на на иранското МНР ескалацијата на тензиите помеѓу јеменските хути и Саудиска Арабија оди единствено во прилог на интересите на израелскиот реќим.
- Ставот на Иран е јасен: прашањето за Јемен требаше да се реши преку договор меѓу Јемен (Хутите) и Саудиска Арабија. Како што сите знаат, двете страни постигнаа договор за (мировна) патоказ-рамка, а Иран исто така ја истакна својата поддршка за двете страни во спроведувањето на сите постигнати договори. Сепак, овие договори не се спроведени. Иран постојано изјавува дека е подготвен да вложи максимални напори за да го олесни дијалогот меѓу двете страни. Иран исто така смета дека натамошната ескалација на тензиите ќе им служи само на интересите на Израел во регионот.
Јеменски Хути и утроро лансираа балситички ракети кон Саудиска Арабија.Ријад е во конфликт со Хутите уште од моментиот кога тие ја презедоа контролата врз јеменска престолнина Сана во 2014 година и ја принудија меѓунорадно призната влада, поддржана од САудиска Арабија да поднесе оствака.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
