Македонија
13. October 2026 - 16:31

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот

Различен професионален пристап, но со слични приоритети. Петтемина кандидати за прв човек на обвинителството за гонење на организиран криминал и корпуција, ги претставија своите програми пред Советот на Јавни обвинители.

Сите ветија дека ќе се залагаат за поголема ефикасност, посилни финансиски истраги, зајакнување на Истражниот центар и поодлучна борба против високата корупција и организираниот криминал. Нивните колеги обвинители од целата држава на 28 октомври ќе изберат кој во следните четири години ќе раководи со обвинителството кое гони криминал и корупција. Освен јавната промоција, своите програми и директно ќе ги дистрибуираат до обвинителите. Дел преку електронска пошта, некој преку брошура во хартиена форма, но и преку сопствена интернет страница.. Двајца од кандидатите доаѓаат токму од обвинителството за кое конкурираат.

Искра Хаџи Василева, акцент става на финансискисте истраги и одземањето на незаконски стекнат имот. Приоритет дава на отркивањето.

Ажурност во постапувањето по предмети поврзани со лица кои се наоѓаат на меѓународни црни листи и засилена борба против перењето пари во градежништвото  и криптовалутите ќе бидат фокус на обвинителот Фатон Азизи.

За Шеф на одделението кое се справува со криминал и корупција, конкурираат и двајца виши обвинители - Јован Цветановски и Трајче Пеливанов.. Ќе ги испитуваат старите и нерешени предмети, ветуваат целосно истражени предмети со судски одржливи докази.

Во трка е и обвинителката од скопското јавно обвинителство, Лидија Раичевиќ.. Според неа, потребно е активно учество во откривањето на кривичните дела, функција која како што вели била запоставена од обвинителите.

Кој од петтемина кандидати ќе застане на чело на обвинителството ќе се одлучува на непосредни избори. На крајот од месецов ќе гласаат 188 јавни обвинители од целата држава.