Loading Video...
Македонија
13. October 2026 - 20:14

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин

Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата, меѓутоа како, министерот за внатрешни работи за Сител вели, истрагата ќе покаже. Проверени се сите гранични премини, но на ниту еден не е евидентирана дека ја напуштила Македонија. Истрагата треба да даде одговори на клучни прашања, дали поминала на легален или див граничен премин, кој ја пропуштил и со каков документ со оглед на тоа што нема пасош, а личната карта и е вон употреба, но и кога избегала од Македонија. 

Денеска ќе биде распишана меѓународна потерница за неа, а во истрагата ќе биде опфатен и нејзиниот адвокат. 

„Ива Михаилова и нејзиниот адвокат пред бугарските медиуми тврдеа дека границата ја поминале на 11 октомври во неделата, со лични документи, меѓутоа ниту двајцата тој ден не се евидентирани на ниту еден граничен премин. Од МВР информациите се дека Ива Михаилова последен пат влегла во Бугарија минатата година и се вратила во Македонија, додека нејзиниот адвокат остварил влез и излез во нашата земја последен пат во септември.“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи 

„За лицето за кое прашувате е евидентиран влез на ГП Деве Баир на 27.09 и излез на 28.09.2026 година.“, велат од МВР. 

Обвинителството во Кочани утрово го извести судот дека Ива Михајлова ги прекршила мерките што ѝ се изречени и поднесе предлог за изрекување мерка притвор поради ризик од бегство

Судот денеска и определи 30 дневен притвор, така што доколку Михаилова би се вратила во Македонија ќе оди директно во притвор. Досега и беа одземени патните исправи и имаше обврска да се јавува секоја недела во судот, мерка која ја почитувала.