Три деца и наставник убиени во пукање во основно училиште во Орегон

Три деца и наставник се убиени при пукање во основно училиште во градот Бенд, во американската сојузна држава Орегон.
Осомничениот, 16-годишно момче, бил застрелан од лице кое го следело во училиштето, а подоцна бил пронајден мртов во зградата.
Началникот на полицијата во Бенд, Мајк Кранц, изјави дека осомничениот бил пронајден мртов неколку минути по првата пријава за пукањето.
Убиените деца имале пет, осум и единаесет години.
Седумгодишно дете и 54-годишен наставник биле повредени и пренесени во болница во критична состојба, соопшти Кранц.
Според полицијата, напаѓачот, жител на Бенд, влегол во училиштето пукајќи во заклучените врати.
Тој бил застрелан и лежел на подот во зградата кога пристигнале полициските службеници, изјави портпаролката на полицијата Шејла Милер.
Првиот повик на телефонскиот број 911 го упатило лице кое се наоѓало во автомобил во близина на основното училиште „Силвер Рејл“ и пријавило дека некој пука кон него со долгоцевно оружје.
Потоа пристигнале и пријави од лица во училиштето. Полицијата пристигнала на местото за неколку минути.
Според претставник на органите за спроведување на законот запознаен со истрагата, напаѓачот користел пушка со механизам на пумпа, купена од неговата мајка.
Според податоците на Департментот за образование на Орегон, минатата година во училиштето биле запишани 459 ученици. Во него учат деца од подготвителната група до петто одделение.
МИА
Ново на Сител
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
-

„Тесла“ го претстави новиот „Роудстер“: Забрзува до 100 км/ч за помалку од секунда, лета и се превртува во воздух
