Македонија
16. October 2026 - 16:06

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија

Во основа треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти. Вчера имавме дијалог на високо ниво заедно со хемо-онко, Министерство за здравство и сите релевантни институции. Ако некаде имаме направено подобрување, тоа е во подрачјето на обезбедена терапија, изјави министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека во однос на 2017 година, повеќекратно е зголемен буџетот на Клиниката за онкологија.

Такво зголемување, посочи, нема во ниту едно друго подрачје и во ниту една друга област.

-Фокусот во изминатиот период беше на третманот. Затоа и се одржа работилницата, да имаме еден похармонизиран пристап, бидејќи мора превенцијата, раното откривање, радиотерапијата и пост-периодот со палијативата да го имаме како систематски поглед на работите - додаде Клековски.

 

МИА