Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
Со засилени контроли ќе се штити домашнотото производство. На Светскиот ден на храната првиот човек на АХВ уверува – македонците јадат безбедна храна, вратените пратки овошје и зеленчук од Хрватска, Бугарија и Црна Гора, по направените контроли кај нас, не покажале присуство на пестидици. Причината зошто биле вратени и означени како пратки со висок ризик, според Миланов е за да го заштитат сопственото производство.
„Секоја држава си го штити својот пазар. При втора и трета анализа Агенцијата за храна не утврди присуство на пестициди. Затоа ние се договоривме да бидеме по ригорозни и во делот на увоз и во делот на извоз.“, изјави Оливер Миланов, директор на Агенција за храна.
По најавите дека јавно ќе ги обелодени производителите на сувомеснати и млечни производи кои продавале храна штетна по здравјето на граѓаните, Миланов вели дека производите не биле штетни, само декларацијата била грешна.
„Содржеле повеќе вода или маснотии од наведената на декларацијата, а отсапувале и нутритивните вредности, што не значи дека производот не е квалитетен или безбеден за употреба. Затоа апелирам граѓаните да го проверуваат рокот за употреба, органолептички дали производот добро изгледа.“, додава Миланов
Изминативе 8 месеци биле уништени 70 тони небезедна храна, додека 250 тони биле вратени од земјите од кои сме ја увезле. Вчера Агенцијата заплени 2 тони и денеска уште 6 од пазарите низ земјава, затоа што се продавала надвор од тезгите, во нехигигенски услови, што може да ја загрози безбедноста за консумација. Агенцијата бара повисоки казни за операторите кои работат за храна, за повеќе да се внимава каква храна им продаваат на граѓаните.
.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
