Македонија
16. October 2026 - 19:59

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција

Најубавата детска улица која го носи името на нашиот Тоше, денеска пееше во негова чест. Иако неговата музика секојдневно се слуша тука, денеска потсетувајќи се на кобниот 16ти октомври од пред 19 години, најмалите ги пееја неговите хитови и испратија пораки за добрина и сплотеност како што тој се залагаше. Музичкиот хепенинг „Тоше те сакаме“ ги сплоти сите генерации.

Младите ги знаат и сакаат неговите песни иако немаа можност да го гледаат или запознаат во живо. Велат дека споменот за Тоше никогаш нема да избледе.