Преку фестивал на смоларскиот костен промовирани природните богатства на подбеласичкиот регион
Преку фестивалот посветен на смоларскиот костен, Општина Ново Село го промовираше природното богатство, производите и туристичките потенцијали на подбеласичкиот регион.
Костенијадата и годинава привлече голем број посетители од сите краеви на државата, а своите производи ги претставија и домашните производители.
Од локалната самоуправа велат дека манифестацијата е многу за развојот на туризмот и економијата, бидејќи отвора можности за промоција и продажба на производите од регионот.
Собирачите на костени велат дека годинава родот е квалитетен, но значително намален поради високите температури и сушното лето.
Според нив, костенијадата е можност за промоција и на костенот и регионот.
Покрај костените, на фестивалот беше претставен и костеновиот мед, кој освен во струмичкиот регион може да се сретне само во уште неколку региони од државата.
Во рамки на фестивалот беа одржани и стручни предавања на тема здрава исхрана, костен и зачувување на природните ресурси.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
