Неопходна е навремена превенција на ризичните однесувања кај младите
Ризичните однесувања кај младите потврдуваат дека насилството е само еден дел од поширокиот спектар на проблеми.
Употребата на наркотици, алкохол и цигари претставува подеднакво сериозен ризик кој директно го загрозува психофизичкиот развој на адолесцентите.
Истражувањата покажуваат дека една од илегалните супстанции што најчесто се користи е канабисот, почесто кај момчињата отколку кај девојчињата но, на 16-годишна возраст голем е процентот и на дигиталните зависности.
Добрите познавачи посочуваат дека важно е навреме да се препознаат промените во однесувањето кај младите.
Општествените услови и секојдневните стресови влијаат врз однесувањето.
Навремената превенција треба да почне со едукација на децата, родителите и воспитно-образовниот кадар.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
