Македонија
19. October 2026 - 16:36

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети

Административците ќе добијат отказ ако две години по ред бидат негативно оценети. Собранието по скратена постапка го изгласа Законот за административни службеници,  во кој се предвидуваат нови правила за унапредување, оценување и дисциплинска одговорност. Службеникот може да остане без работа ако две години добие единица, одредба која е спорна за опозицијата која смета дека се остава простор за политична пресметка со неистомислениците.

-Одредбите за преместување, оценување и дисциплинска одговорност на административните службеници можат да отворат простор за злоупотреби и политичко влијание врз вработените

Од власта пак сметаат дека со ова законоско решение се исправа неправдата за вработените службеници во Собранието, кои ќе добијат ист статус со останатите административци.

„Луѓето во Собранието го имаа ова пред шест години како право и го има од 2020 година до 2024 година, додека ВМРО-ДПМНЕ не дојде на власт. И се сеќавате дека тоа го укинаа како право“, рече Спасовски.

„Една работа да пофалевте, да речете добро е – се исправи една работа“, рече Мицевски, посочувајќи дека во периодот од 2019 до 2024 година, кога СДСМ била на власт, не биле исправени одредени недостатоци.

Во новото законско решение се менува и постапката за суспенија од работа. Раководителот може да донесе  одлука за дисциплинска постапка, независно од одлуката на Комисјата за администрација. Се укинува и можносота за унапредување на админситартивците без објавување на интерен оглас. На овој начин, според власта, ќе се применува мерит системот, односно напредувањето по заслуги.