Македонија
20. October 2026 - 14:44

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил

Шестгодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје, додека се превезувало како сопатник на електричен тротинет управуван од 11-годишно дете.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 18:05 часот, на крстосницата меѓу улиците „Лек Дукаѓини“ и „Клинска Леса“, кога дошло до судир меѓу автомобил „фолксваген“, управуван од 22-годишниот З.Б. од Скопје, и електричниот тротинет.

Во судирот тешко било повредено шестгодишното дете, а повредите биле потврдени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Скопје.