Најмладиот милионер во државата има 4 години, највисоката месечна плата изнесува 189.000 евра
Речиси 190 илјади евра месечно е највисоката исплатена месечна бруто плата лани.
Ја добил скопјенец од секторот Вадење на камен јаглен. Годишно заработил речиси 2,3 милиони евра бруто.
Сепак, податоците на УЈП покажуваат дека најбогатиот македонец бил од Гевгелија. Заработил над 4 милиони евра само од дивиденда.
Заедно со платата вкупниот доход му достигнал скоро 4,2 милиони евра. Слична сума - 4,1 милион евра од плата и дивиденда пријавил и охриѓанец.
Лице од Вевчани пак, од капитална добивка добил 2,7 милиони евра.
Од поднесените годишни даночни пријави за 2025, најголем дел од граѓаните, над 637 илјади пријвиле дека годишно заработуваат од 1,600 до нешто над 16 илјади евра.
На 2/3 од нив парите им се само од плата. Но има и 31 лице со годишни примања над 1,6 милиони евра.
Најмладиот милионер има само 4 години, додека најстариот 97.
- Најмладиот милионер во државата има 4 години и парите го добил од дивиденда од банка, додека пак најстариот од пензија и други приходи, изјави Елена Петрова, директор на УЈП.
Највисока пензија од над 9 илјади евра месечно има пензионер од Куманово. Ја добива од странство.
Добро заработуваат и самостојните вршители на дејносот.
Меѓу нив производител на хартија и амбалажа за картони, сендвичара од Скопје, адвокати и нотар.
- Највисокиот доход од самостојна дејност е 157,9 милиони денари, додава Петрова.
Највисока закупнина од 468 илајди евра годишно или скоро 40 илјади евра месечно била исплатена за деловен објект во Скопје, додека највисоки износи од авторски права пријавиле 2 доктори и еден музичар, заработени во странство.
Податоците на Управата покажуваат дека лани биле поднесене за 10% повеќе даночни пријави во однсо на 2024 та, а за скоро 14 отсто е повисок и вкупниот приход на сите обврзници.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
