Македонија
21. October 2026 - 16:51
СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
СДСМ бара истрага за контактите на премиерот Христијан Мицкоски со Ричард Гренел, по информациите дека Белата куќа проверува наводи поврзани со поранешниот специјален пратеник на Доналд Трамп кој се сомничи дека за пари договарал средби со американскиот претседател.
Од партијата тврдат дека врските на Мицкоски и министерот Тимчо Муцунски со Гренел отвораат прашања дали македонската Влада во Вашингтон ги застапувала државните интереси или интересите на политички и бизнис-кругови од регионот.
-->
-->
