Македонија
22. October 2026 - 12:16
Се засилува заштитата на јагулата
Се засилува заштитата на јагулата во водите на Охридското езеро како загрозен вид. Нејзиното зачувување се поставува како институционален приоритет. Владата за првпат усвои Национален план за управување со јагула.
Во стратегијата стои дека треба сериозен пристап, да се избегне купување, набавување подмладок од јагула, но и со сомнително потекло.
Екологистите пак предупредуваат дека она што го доживува охридската пастрмка како ендемична риба во водите на Охридското Езеро, големи се можностите истата судбина да ја доживее и европската јагула.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
