Македонија
22. October 2026 - 16:50
Повеќе од половина судови се неажурни
Повеќе од половина од македонските судови не успеваат да го совладаат приливот на предмети.
Според годишниот извештај на Судскиот Совет за 2025-та, 18 од вкупно 34 судови се неажурни, а нерешени останале над 134.000 предмети.
Пополнети се само 65% од судиските места и 36% од работните места во судската администрација.
Министерството за финансии три пати ги одбило барањата за нови вработувања.
Лани биле разрешени двајца судии, а тројца добиле дисциплински мерки.
Од 425 претставки на граѓани и правни лица Судскиот совет оценил дека само 13 се основани.
-->
-->
