Македонија
22. October 2026 - 16:52

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство

Судењето за Ива Михаилова продолжува, а на неа ќе и се суди во отсуство, одлучи денеска Обвинителството.

Донесено е Решение на И.М., обвинета за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, да и се суди во отсуство, бидејќи таа не е достапна на државните органи.

Следното судско рочиште е закажано за 09.11.2026 година во 9 часот.

За рочиштето кое е закажано следниот месец, адвокатот на Михаилова, Насер Рауфи има повикано сообраќаен вештак, со кој ќе докажуваат дека Михаилова не влегла во другата сообраќајна лента, туку возилото каде што се возеле лицето кое загина и другите повредени влегле во нејзината лента.

Го исконтактиварме и адвокатот Николаи Димитров, со кого Михаилова избега од Македонија на се уште непознат начин.

Тој вели дека ќе се изјасни во понеделник, прво да се запознаат со одлуката.

Михаилова се уште се наоѓа во болницата Пирогов.

На средбата на министрите за здравство на Македонија и Бугарија не се разговарало за нејзината здравствена состојба, бидејќи премолчно се согласиле дека нејзиното прашање е од правниот домен.

МВР се уште истражува како Михаилова избега од Македонија, без пасош и со лична карта која и е вон употреба.