Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
Во Мадрид беше промовирано шпанското издание на книгата „Во срцето на Шпанија“, посветена на македонските доброволци кои учествувале во Шпанската граѓанска војна како дел од Интернационалните бригади.
Книгата, чии автори се Перо А. Коробар и Владимир Ивановски, содржи сведоштва и животни приказни на македонските борци.
Од 137 македонски доброволци, 65 ги загубиле животите на шпанските боишта.
Преводот е реализиран на иницијатива на Македонската амбасада во Шпанија, со поддршка на шпанското Министерство за територијална политика и демократска меморија.
На настанот беше истакнато дека книгата претставува сведоштво за историските врски меѓу двете земји и за солидарноста што ги поврзувала македонските доброволци со шпанскиот народ.
Во чест на загинатите борци, македонска делегација положи цвеќе пред споменикот на Интернационалните бригади во Мадрид, каде е поставена и спомен-плоча посветена на македонските доброволци.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
