Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
Најголемиот водопад во државата повторно ќе добие платформа од која туристите ќе можат да го набљудуваат.
Откако пред две години старата дрвена платформа на Смоларскиот водопад беше опожарена од несовесни граѓани, општина Ново Село одлучи да постави нова, метална конструкција.
Според најавите, платформата треба да биде поставена до крајот на годинава, а од јануари идната година повторно да биде достапна за посетителите.
Вкупната инвестиција ќе изнесува околу 900 илјади денари, средства обезбедени од Владата преку унгарскиот кредит.
Градоначалникот на Ново Село вели дека изборот на метална, наместо дрвена конструкција е со цел да се обезбеди поголема издржливост и да се спречат нови оштетувања.
За да се олесни пристапот на механизацијата до самата локација, со поддршка на Светска банка општината целосно го асфалтираше и платото до почетокот на скалите што водат кон Смоларскиот водопад.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
