Македонија
23. October 2026 - 12:48
Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
Oхрид го одбележува 23 Октомври - Денот на македонската револуцонерна борба.
На свечената академија „Од идеја до независност“,заменик-градоначалничката Ана Крстевска истакна дека овој ден е симбол на непокорот, мудроста и вековниот копнеж на македонскиот народ за слобода, правдољубивост и сопствена државност.
Охрид во македонската историја, градот, како лулка на македонската писменост, култура и духовност, отсекогаш имал посебно место во борбата за национална слобода.
На чествувањата кои беа збогатени со културно уметничка програма беше истакнато дека почитта кон историското наследство треба да се покажува преку конкретни дела во сегашноста.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
