Македонија
23. October 2026 - 14:02

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.Д.(18), Ш.О.(39), Љ.Џ.(22) сите од Скопје, З.Б.(33) од Битола, С.И.(34) од Прилеп и 17-гоишник од Кичево, кој претходно учествувал во сообраќајна несреќа.

Со активна мерка - забрана за управување, возел И.С.(32) од с.Елово, општина Студеничани.

Додека, пак, под дејство на алкохол возеле А.К.(48) од Битола, како и П.П.(24) од с.Лески, виничко и М.В.(29) од Кочани, кои претходно учествувале во сообраќајни несреќи.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

- Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.