Loading Video...
Свет
24. October 2026 - 19:52

Преглед на вестите од светот

Грчкиот парламент одобри закон  за забрана на социјалните медиуми за деца под 15 години. Мерката ќе стапи на сила на 1 јанаури следната година. Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека платформите на социјалните медиуми имаат два и пол месеци да смислат начин за проверка на возраста на корисниците и заштита на нивната приватност.

Првата дама на САД, Меланија Трамп успешно договори прекин на огнот помеѓу Русија и Украија кој се однесува само на украинскот град Олешки, кој е под руска контрола , објави Белата куќа.

Примирјето е привремено и има за цел да спречи хуманитраната катастрофа во градот, да се овозоможи влез на пратки со храна, лекови и вода а  а цивилите кои ќе сакаат да се евакуираат ќе имаат избор да заминат на територија под контрола на Украина или на Русија. Веста ја повтрди и портпаролот на Кремљ, Дмитри ПЕсков.

„Во моментов, воените претставници веќе работат на усогласување на временските рамки за прекин на огнот во таа област, со цел да се овозможи оваа хуманитарна мисија. Луѓето што сакаат заминат  ќе можат да го сторат тоа. Сето ова, се разбира, бара многу обемни и сложени подготовки во кои се вклучени најразлични претставници. Но, уште еднаш повторувам – координативната улога ѝ припаѓа на Меланија Трамп, изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.

Во мегувреме, Украина и Русија арзменија по 270 воени заробеници, што претставува трета фаза од процесот кој почна на 19 август. Договорот за размена на заробреници беше постигнат со посредство на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во мај.

Целиот процес се очекува да опфати вкупно 2000 воени заробеници. Најновиот бран на арзмена селди непосреедно по завршувањето на уште рунда преговори одржани во Осло и во Санкт Петербург.