Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина

Осум лица добиле медицинска помош поради повреди здобиени за време на денешниот протест во Тирана, се наведува во прелиминарниот извештај на албанското Министерство за здравство и социјална заштита, јави албанската новинска агенција АТА.
Според соопштението на Министерството, еден пратеник во албанскиот Парламент, еден новинар и четворица демонстранти побарале помош во Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“. Сите шестмина се веќе пуштени од болницата откако им била укажана лекарска помош.
Во меѓувреме, еден полицаец и еден новинар добиле медицинска помош во Универзитетската болница за трауматологија. Нивната здравствена состојба е стабилна.
Претходно демонстрантите ја запалија општината, како и влезната врата на Министерството за животна средина во центарот на Тирана, додека безбедносните сили употребија големи количини солзавец за да ја растераат толпата на плоштадот Скендербег. Пламенот на вратата на Министерството набрзо е изгаснат, додека пламен се појави и на прозорецот од истата зграда.
Масовните антивладини протести во албанската престолнина денеска ескалираа во судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако учесници на протестот фрлаа камења и пиротехнички средства кон безбедносните сили и државните институции.
Полицијата интервенираше со водени топови и солзавец, додека на повеќе локации во градот беа запалени контејнери и поставени барикади.
Тензиите во Тирана се високи, а протестите се одвиваат во услови на зголемено политичко и социјално незадоволство насочено кон владата на премиерот Еди Рама.
Во последните месеци опозициската Демократска партија, предводена од Сали Бериша, организираше повеќе демонстрации со барање за предвремени избори, обвинувајќи ја Владата за корупција, лошо управување и влошување на животниот стандард.
Во исто време, студентски и граѓански групи изразуваат незадоволство поради економските услови, високите трошоци за живот, иселувањето на младите и состојбите во образовниот систем. Дел од демонстрантите сметаат дека Албанија се соочува со сериозни проблеми поврзани со вработувањето, социјалната сигурност и перспективите за младите.
МИА
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
