Свет
25. October 2026 - 15:27

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами

Веќе се започнати подготовките за трилатерален самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Шји Џинпинг, додека можноста Путин да присуствува на самитот на Г20 во Мајами во декември ќе зависи од исходот на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Шенжен во ноември, изјави денеска Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател за надворешна политика.

Во интервју за „Вести“, Ушаков истакна дека кинеските претставници им пристапиле на подготовките за разговорите многу сериозно.

„Сега можам со сигурност да кажам дека Москва, Пекинг и Вашингтон, во принцип, се подготвени да ја одржат средбата и дека подготовките се веќе во тек“, рече Ушаков.

 

МИА