Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
Пензионерите и примателите на социјална помош, кои парите ги добивале преку Алта банка, ќе можат наеднаш да го подигнат целиот износ. Исплатата ќе се одвива преку шалтерите на банката, кои ќе бидат отворени во Битола, Скопје и Струмица. Станува збор за 5,500 корисници на социјална помош, како и 3,500 пензионери кои немале платежни картички.
За да не останат без пари, ресорниот министер Велковски утринава со гувернерот Славески договориле неделните ограничувања од 10 илјади денари, да не важат за нив.
-Разговаравме примателите на социјална помош и на останатите права на социјална заштита, да имаат приоритет и да можат да го земат целиот износ наеднаш, да нема ограничувања з анив. Станува збор за околу пет и пол илајди корисници, кои имаат сметки преку Алта и на кои утре ќе им биде исплатена помошта, изјави Ѓоко Велковски, министер за социјална политика
„А пензионерите ќе можат 20 илјади денари да подигнат? -Не, и тие да можат без ограничувања да го подигнат целиот износ, додаде Велковски“.
Во меѓувреме, од Народната банка информираат дека пратиле известување до надлежниот реулатор во Србија во рок од три дена да се произнесе дали Алта банка Белград ќе ги понуди на продажба акциите на Алта банка Битола.
-Без разлика дали ќе добиеме одговор од регулаторот, по истекот на десет дена Народната банка ќе ги понуди акциите на АЛТА банка АД Битола на Македонската берза. Постои интерес од неколку потенцијални инвеститори, од земјата и од странство, за преземање на акциите на Банката. Постапката за евентуална продажба ќе се спроведе во согласност со законската регулатива и надлежностите на Народната банка. , се наведува во соопштинието на гувернерот.
Се бара решение и за фирмите кои имаат сметки во банката и треба да им исплатат плати на вработените и да платат давачки кон државата. Со воведената 3 месечна привремена администрација на Алта банката, поставени се и тројца администратори, вработении во Народната банка, кои ќе ги преземат сите надлежности на Управниот и Надзорен одбор, како и на Собранието на акционери.
Администраторите во рок од 21 ден треба да ја утврдат фактичката состојба на банката и да достават извештај до Извршниот одбор на централната банка.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
