Македонија
9. November 2026 - 19:18

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, а во инцидентот е причинета материјална штета - изјава за МИА, Звонко Томески, командант на Противпожарната единица - Скопје.

- Станува збор за куќи, индивидуални. Опожарен е кров на една двокатна куќа, од која што поради близина на објектите, има зафатено делови од уште две куќи. Пожарот позади пазарот е целосно ставен под контрола, се работи сега на расчистување. Интервенирано е со девет возила, со 22 пожарникари - изјави Томески.

Тој додаде дека висината на штетата допрва ќе се утврдува.