Финска нуди бесплатно патување на 16 мажи и жени од целиот свет со сите платени трошоци и состанок на слепо
Финска започна необична туристичка кампања со која на 16 слободни мажи и жени од целиот свет им нуди бесплатно четиридневно патување, со покриени трошоци за авионски билети, сместување и храна. Во програмата е вклучена и вечера на слепо со локални Финци, на која учесниците ќе имаат можност да запознаат нови луѓе, а можеби и да пронајдат љубов.
Кампањата, наречена „Finnish Dinner Date“, ја организира финската туристичка организација „Visit Finland“, со цел да ја промовира земјата, нејзината гастрономија и култура.
Ќе бидат избрани вкупно 16 учесници, од кои осум ќе патуваат во главниот град Хелсинки, а останатите осум во Тампере. Патувањата ќе се реализираат во периодот од 9 до 19 февруари 2027 година.
За време на престојот, учесниците ќе уживаат во организирани активности, традиционална финска храна и разгледување на природните убавини. Главниот настан ќе биде групна вечера на слепо, на која на секоја од двете групи ќе им се придружат по двајца слободни Финци.
За пријавување, заинтересираните треба да снимат кратко видео на англиски јазик во кое ќе одговорат на прашањето: „Што би послужиле на романтична вечера и зошто?“. Видеото треба да го објават на социјалните мрежи со ознаката #FinnishDinnerDate, а потоа да пополнат пријава на официјалната интернет-страница.
Рокот за пријавување е 10 ноември 2026 година, додека имињата на избраните учесници ќе бидат објавени на 1 декември.
Од „Visit Finland“ порачуваат дека целта не е само запознавање потенцијални партнери, туку и откривање на финската кујна, традиција и гостопримство, со можност учесниците да се вљубат во земјата, а можеби и еден во друг.
Ново на Сител
-

Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
-

Англија ја заострува забраната за мобилни телефони во училиштата – нема да смеат да стојат ниту во ранците
-

За клиентите на „АЛТА банка“ од денес достапни електронското и мобилното банкарство
-

Кривична за 28-годишник од Такиџистан, доставил исправа со невистинита содржина со цел да го продолжи престојот
-

34-годишник се обидел да силува 22-годишна девојка во струмичко
-

Кривична за 38 годишен тетовец, оставил писмени закани кон деканот и останатите професори на факултетот
-

До крајот на годината „Безбеден град“ ќе казнува непрописно паркирање и запирање на булеварите
-

Дендијас: Западен Балкан е потенцијален извор на дестабилизација, Европа не смее да го занемари
