Културата како мост за поврзување со Јапонија

Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Јапонија одржа средба со амбасадорката на Јапонија во земјава, Сецуко Кавахара, на која биле разгледани билатералните односи, досегашната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, покрај претседателот на Групата, Сашо Донев, учествувале и пратениците Пеце Милевски, Саранда Имери Стафаи и Весна Ѓорѓиева.
Претседателот на Групата, Сашо Донев, нагласил дека нашата земја е отворена за продлабочување на соработката со Јапонија, особено на економски план, каде што постојат значителни можности за нови инвестиции и зајакнување на деловните врски.
Во таа насока, амбасадорката Кавахара го истакнала зголемениот интерес на јапонската бизнис-заедница за соработка со земјите од Западен Балкан.
Амбасадорката Кавахара во однос на безбедноста и меѓународната политика посочила дека двете земји делат заеднички вредности, меѓу кои владеење на правото, демократијата и човековите права, како и соработката со земјите членки на НАТО и стратешкото партнерство со САД.
Соговорниците ја истакнале досегашната успешна соработка и континуираната поддршка што Јапонија ѝ ја обезбедува на нашата држава, особено во областите на образованието, здравството и локалниот развој, преку проекти за техничка соработка, грантови и донации, како и преку програмите на JICA и JETRO.

Амбасадорката ја потврдила подготвеноста за отворен дијалог, размена на идеи и иницијативи што ќе придонесат за натамошно унапредување на билатералните односи.
На средбата бил изразен заемен интерес за размена на искуства и продлабочување на соработката во повеќе области, особено во развојот на човечките ресурси, јакнењето на институционалните капацитети, студиските размени и спортот.
Соговорниците се согласиле дека културата има особено значајна улога како мост за поврзување на народите, поттикнување на меѓусебното разбирање и зацврстување на пријателските односи меѓу двете држави.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
