Loading Video...
Свет
19. November 2026 - 17:21

Декларација за мир потпишана на историската средба меѓу претседателите на САД, Русија и Кина

Лидерите на трите најголеми нуклеарни сили во светот, американскиот претседател Трамп, рускиот претседател Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, за првпат во историјата седнаа на иста маса на состанок кој сите светски медиуми го пренесоа како историски и средба што би можела да го промени светскиот поредок.

На состанокот се усвои заедничка декларација за мир.

Тројцата лидери се обврзаа да работат на реформи во Обединетите нации, за организацијата поефикасно да се справува со светските кризи.

Се договорија и за зголемување на производството и снабдувањето со нафтени производи, како и за намалување на ризикот од нуклеарна војна, за која порачаа дека никој не може да биде победник.

Во декларацијата се нагласува дека мора да се почитува имунитетот на државните функционери и дека Судот не смее да ги пречекорува своите овластувања.

Пред историскиот состанок, Трамп имаше одделни билатерални средби со Путин и со Си Џинпинг.

Со рускиот претседател главна тема била војната во Украина.

Вниманието го привлече и нивното пријателско поздравување, кога Трамп го нарече Путин свој пријател и порача дека со години имаат одлични односи.

Војната во Украина била тема и на средбата со Си Џинпинг, од кого Трамп побарал помош за нејзино завршување. Но, и покрај разговорите за Украина и конфликтот во Иран, ниту една од двете војни не беше спомената во заедничката декларација.

Трамп средбата ја оцени како историска, Путин порача дека разговорите поминале подобро од очекуваното, додека Си Џинпинг истакна дека состанокот има исклучително значење за светот. Средбата се одржа во кинескиот град Шенжен. 

Во меѓувреме, европските лидери денеска се собраа во Берлин, загрижени дека тројцата лидери би можеле да носат одлуки за Украина и европската безбедност без учество на Киев и Европа.

На состанокот на Коалицијата на подготвените разговараат и за продолжување на воената и финансиската помош за Украина, противвоздушната одбрана и безбедносните гаранции по евентуален мировен договор.